Утрински Весник
Спорт

Борусија Дортмунд е последната шанса за трансфер на Кристијано Роналдо

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е последната шанса на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, за трансфер ова лето. Агентот на напаѓачот, Жорге Мендеш, активно работи на таа можност, тврдат медиумите на Островот.

dobivaj vesti na viber

На ваквиот потег поволно гледа и самиот Роналдо, бидејќи ќе може да игра во Лигата на шампионите и воедно да се бори за трофеи во Германија, откако веќе ги има од Англија, Шпанија, Италија и од Португалија.

Германскиот клуб моментално размислува за опцијата да достави понуда за Роналдо, а Мендеш прави се за да ги поттикне шефовите на „црно-жолтите“ да направат таков потег.

Борусија Дортмунд е во потрага по нов напаѓач откако Ерлинг Халанд беше продаден на Манчестер Сити, а Себастијан Але, кој беше доведен како негова замена, беше опериран откако му беше дијагностициран тумор на тестисите. Тој сигурно ќе пропушти неколку месеци во кои ќе мора да се опорави.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина