Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Борис Џонсон учествувал во квиз во време на строги анти-ковид мерки

Борис Џонсон учествувал во квиз во време на строги анти-ковид мерки
Img 7972

Британскиот премиер Борис Џонсон, минатата година учествувал во божикен квиз, во време кога на сила била забрана за собири во затворени простории.

Со Џонсон биле уште двајца колеги, пишува „Сандеј мирор“.

Сè се случило на Даунинг стрит, објави Би-би-си.

„Сандеј мирор“ објави фотографија од Џонсон на настанот, за кој се тврди дека се случил на 15 декември 2020 година.

Од Даунинг стрит соопштиле дека премиерот накратко учествувал во квизот, виртуелно, со цел да му се заблагодари на персоналот за нивната работа за време на пандемија.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер рече дека се чини оти Џонсон ги прекршил анти-ковид мерките во тоа време.

Тој за Би-би-си додал дека настанот предизвикал гнев и дека довербата во премиерот е на најниско ниво досега.

Текстот на „Сандеј Мирор“ е објавен откако британската влада покрена истрага за три собири минатиот Божик, од кои два биле во Даунинг стрит и покрај забраните поради анти-ковид мерките.

На фотографијата Џонсон седи во библиотеката на Даунинг стрит, меѓу колеги, облечен во шал со светки, додека друго лице носи капа на Дедо Мраз, пишува „Сандеј мирор“.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот