Утрински Весник
Свет

Борис Џонсон ангажира личен тренер за да ослабне

Борис Џонсон ангажира личен тренер за да ослабне

Британскиот премиер Борис Џонсон го ангажираше личниот тренер Хари Џејмсон, за да ослабне, откако призна дека бил „премногу дебел“ кога се заразил со коронавирус.

Џонсон во април беше примен во болница со Ковид-19, но рекол дека од тогаш се посветил на вежбањето.

Времето поминато во болница, очигледно влијаело на британскиот премиер па ги сменил своите ставови за справување со дебелината.

Во јули тој рече дека земјата треба да изгуби тежина за да се заштити од втор бран.

„ Дебелината е еден од вистинските фактори на ко-морбидитет. Губењето тежина, искрено, е еден од начините со кои можете да го намалите сопствениот ризик од коронавирус“, изјави тогаш Џонсон.

Како дел од обидот да се реши проблемот, владата соопшти дека ќе забрани реклами за нездрава храна на телевизиите пред 21:00 часот.

Џонсон изјави дека „сакал да изгуби тежина со векови“, додавајќи дека „се борел“ за да ги остави мастите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија

Франција испраќа оклопни возила во Бејрут

Трамп бара Нетанјаху да биде помилуван