Утрински Весник
Свет
Img 7972

Борисов се откажа од пратеничкиот мандат

Борисов на домашно лекување од коронавирус, се чувствува истоштено
Dik 300x250 mk

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов на „Фејсбук“ напиша дека поднел изјава до Централната изборна комисија дека одбива да биде пратеник во новиот состав во бугарскиот парламент.

Борисов вели дека иако ги добил лидерските битки во Софија и Пловдив, тој нема потреба да ужива пратенички мандат.

Партијата на Борисов од десниот центар ГЕРБ освои наголем број на гласови на изборите – 26,2 отсто, но остана без потребното мнозинство. Во меѓувреме, помалите политички партии ја одбија неговата понуда за формирање експертска влада која би ја водела земјата во пандемијата на коронавирусот до крајот на годината.

Борисов е на власт од 2009 година.

Можете да прочитате

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах