Утрински Весник
Свет

Борисов: Кренатите тупаници и притисокот врз граѓаните не се симбол на демократија

Борисов: Кренатите тупаници и притисокот врз граѓаните не се симбол на демократија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Тоталитарните режими уништија милиони човечки судбини. За насилството и суровоста, со која се поткопаа основните слободи, нема место во денешниот свет!“, напиша премиерот Бојко Борисов на Фејсбук по повод денешниот ден кога Европа им оддава почит на жртвите на националсоцијалистичкиот, комунистичкиот и другите тоталитарни режими.

„Нема место за националсоцијализам и комунизам. Убеден сум дека нема место за реваншизам и поделби. Кренатите тупаници и намерниот притисок врз граѓаните не се симбол на демократијата. Правната држава не се постигнува со грубо кршење на владеењето на правото. Историјата треба да се запомни, за да се донесат правилни одлуки, дури и кога се тешки за носење. Верувам дека редот, развојот и разбирањето се постигнуваат преку дијалог, а не со тупаница! Затоа, да ги постигнеме со дела.Поклонување пред сеќавањето на жртвите од тоталитарните режими!“, напиша бугарскиот премиер.

На 23 август Европа им оддава почит на жртвите од националсоцијалистичките, комунистички и други тоталитарни режими. На денешен ден пред 81 година, Германија и СССР потпишаа пакт за ненапаѓање попознат како „Пактот Молотов-Рибентроп“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп