Утрински Весник
Свет

Борел: Русија ќе се соочи со невидена осуда и изолација

Борел: Русија ќе се соочи со невидена осуда и изолација

Шефот на ЕУ, Џосеф Борел, изјави дека разговарал со министерот за надворешни работи на Украина, Димитар Кулеба, кој го информирал за „застрашувачкиот напад“ на Русија врз Украина.

„Изразив силна поддршка во име на ЕУ и во мое лично име на Украина и на украинскиот народ. Русија ќе се соочи со невидена осуда и изолација како одговор“, напиша Борел на Твитер.

Шефот на дипломатијата на ЕУ во текот на денот разговараше и со министерот за надворешни работи на Индија, Субраманјан Џаишанкар, кому му порача дека „светот мора да се обедини во одбрана на клучните принципи на меѓународното право“.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот