Утрински Весник
Свет

Борел: „Не разбирам, дали сакате да ги видите Украинците како клекнуваат?

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, рече дека не ги разбира противниците на испораката на оружје.

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Борел нагласи дека не разбира оти тие се против испораката на оружје, тврдејќи дека тоа ќе ја продолжи војната. „Ги прашувам овие луѓе дали ви е важно како ќе заврши војната? Дали Украинците треба да клечат пред Русите?“, праша тој.

Борел најави дека ЕУ ќе продолжи да испорачува оружје на Украина и дека ќе се обиде да ја ослабне руската економија и да ја зголеми меѓународната изолација на Москва. „Но, ние не сакаме да се бориме против Русија“, подвлече тој.

Истакна дека војната завршува со преговори. „Треба да дојдеме на преговарачка маса од позиција на сила и сега е важно да ги доведеме Украинците на таа позиција“, објасни тој.

Борел рече и дека ЕУ не може да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина. Тој оцени дека Русите нема да го прифатат тоа, како што Брисел нема да ја прифати Русија како посредник. Додаде дека ниту Кина не реагира, бидејќи, како што тврди, таа се приклонува кон Русија.

Борел оцени дека Турција работи многу добро и дека има добри односи на двете страни.

„Тие би биле најдобри“, посочи Борел, додавајќи дека Украина, Русија и посредникот треба да го одредат исходот од преговорите. Не сакаше да коментира за можниот исход од преговорите и рече дека зависи од тоа колку е силна секоја страна.

Запрашан за можното воведување ембарго за увоз на руски гас, Борел рече дека гасот е стратешки производ и дека е важно да се најдат нови добавувачи.

Кажа дека немањето терминал за прием на течен гас е грешка што треба да се препознае и да се исправи.

Можете да прочитате

ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите

На Менхетен убиен извршниот директор на „Блекстоун“

Британија ќе ја признае Палестина во септември ако Израел не се согласи на прекин на огнот