Утрински Весник
Свет

Борел: Кога војната ќе заврши, ќе мораме да комуницираме со Русите

„Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва“, изјави шефот на европската дипломатија Џозеф Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“.

„Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да се дефинира како имаме намера да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да продолжиме разговорите со Москва“, рече Борел, пренесе РИА Новости.

Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва во април, како и на претседателот на Африканската унија, Маки Сал, во Сочи на почетокот на јуни.

Борел изјави дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН се во Русија, кои се обидуваат да го решат проблемот со извозот на украинското жито.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени