Утрински Весник
Свет

Борел и Блинкен: ЕУ и САД прават сè заедно за да ја запрат војната

Борел и Блинкен: ЕУ и САД прават сè заедно за да ја запрат војната

Шефот за надворешна политика на ЕУ Џозеф Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кои заеднички учествуваат на важен состанок на Советот на ЕУ посветен на војната во Украина, велат дека се обединети во барањето војната да престане и да сторат се за таа да се случи.

Пред средбата, Борел нагласи дека во Украина има многу цивилни жртви, додавајќи дека Русија води „варварски начин на војна“ и најави мисија на Советот за човекови права која ќе го проценува кршењето на човековите права во Украина.

„Ова е војна на Путин и тој мора да ја прекине. „Ќе останеме обединети во барањето да се запре војната и да се избегне убивање невини луѓе“, рече Борел.

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени