Утрински Весник
Свет

Борел закажа итна видео-конференција за Авганистан на 17 август

Борел закажа итна видео-конференција за Авганистан на 17 август

Министрите за надворешни работи на земјите од Европската Унија ќе одржат итна видео-конференција за ситуацијата во Авганистан на 17 август, напиша на Твитер високиот дипломат на ЕУ, Јозеф Борел.

„Следејќи ги најновите случувања во Авганистан и по интензивните контакти со партнерите во изминатите денови и часови, решив да свикам вонредна видео-конференција на министрите за надворешни работи на ЕУ утре попладне за прва проценка“, се вели во твитот.

ЕУ во моментов е загрижена поради потребата да го евакуира својот дипломатски и технички персонал од Кабул и да им обезбеди азил на авганистански државјани кои работеа за европските мисии во последните две децении во Авганистан.

Можете да прочитате

Парамаунт понуди 109 милијарди за купување на Ворнер Брос

Нетанјаху: Блиску е втората фаза од мировниот план за Газа

Зеленски: Нема компромис за украинската територија