Утрински Весник
Свет

Борел: Ако пропаднат преговорите спремни сме да одговориме на руската агресија

Борел: Ако пропаднат преговорите спремни сме да одговориме на руската агресија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, вели дека ЕУ пред сè е за дипломатски пристап во решавањето на проблемот со Русија, но дека е подготвена и за потенцијално сценарио на руска агресија врз Украина.

Борел најави дека покрај финансиската помош, ЕУ размислува и за формирање мисија за поддршка на Украина во областа на воената обука.

„Доколку дипломатијата не успее, ние веќе се подготвуваме да одговориме на потенцијална руска агресија. Тоа ќе биде брза и решителна акција на единство, не само во ЕУ, туку и на меѓународна сцена“, рече Борел.

По состанокот на Советот на ЕУ, тој ја повтори безрезервната поддршка на Унијата за Украина и ја повика Русија конструктивно да се ангажира во постоечките меѓународни форуми во обид да се најде дипломатско решение за актуелната безбедносна криза во Европа.

Борел додаде дека во однос на ситуацијата во Источна Европа и односите со Русија, ЕУ е во тесна координација со САД, НАТО, ОБСЕ и другите меѓународни партнери.

„Групирањето на руска војска во и околу Украина и обидите на Русија да создаде линии на поделба на нашиот континент ги поткопуваат темелите и основните принципи врз кои почива европската безбедност и ги враќаат мрачните сеќавања во сфери кои не припаѓаат на 21 век“, истакна Борел.

Можете да прочитате

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна