Утрински Весник
Македонија

Бонева е во изолација, рочиштето за „Друмарина“ одложено за следниот месец

Бонева е во изолација, рочиштето за „Друмарина“ одложено за следниот месец

Рочиштето за случајот „Друмарина“ е одложено, бидејќи обвинета експратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева се наоѓа во изолација.

Одбраната доставила потврда за изолација на Бонева поради Ковид-19.

Следното рочиште е закажано за 10 мај.

Случајот „Друмарина“ се однесува на измами поврзани со користењето на патните трошоци. Според обвинението, Бонева во периодот од 1 јануари 2011 до 16 декември 2015 година, како пратеник во Собранието, со намера за себе да прибави имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно повторување на исто кривично дело измама.

Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници, со што го довела во заблуда овластеното лице да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во вкупен износ од 6.458.551 денари (над 100.000 евра).

„Од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале од Струмица и обратно. Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.​“, наведе Обвинителството.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме