Утрински Весник
Свет

Болсонаро: Коронавирусот е како дожд, сите ќе бидат мокри на крај

Болсонаро: Коронавирусот е како дожд, сите ќе бидат мокри на крај

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се зарази со коронавирус, ја спореди болеста со дождот, наведувајќи дека на крајот сите ќе бидат мокри.

Болсонаро, кој ја потценуваше сериозноста на коронавирусот уште од почетокот на пандемијата, нарекувајќи го мал грип, рече дека не е изненаден што се заразил.

Тој додаде дека неговите симптоми биле благи и дека се чувствува добро, јавува „Би-би-си“.

Болсонаро беше фотографиран без маска на прославата на Денот на независноста во американската амбасада, а неколку бразилски министри во моментов се во изолација додека ги чекаат резултатите од тестот.

Бразил е една од најзагрозените земји во светот со скоро 1,7 милион заразени и околу 67.000 смртни случаи од коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk