Утрински Весник
Свет

Болниците на истокот од Чешка преполнети

Болниците на истокот од Чешка преполнети

Чешките болници пријавија рекорден број на пациенти со Ковид-19, покажуваат најновите податоци.

Вкупно 8.162 лица од Ковид-19 се на лекување во болници а министерството за здравство посочува дека ова е најголем број од избувнувањето на пандемијата.

„1600 од нив имаат многу тешка форма на болеста, поради што се ставаат на респиратори“, известуваат од чешкото министерство за здравство.

На истокот од Чешка активиран е план за вонредна состојба поради тоа што болничките капацитетит се на работ на пополнетост, пишуваат чешките медиуми.

Додаваат, дека со оглед на очајната ситуација, за лекување на пациенти ќе се користат и претежно непроверени лекови.

Во меѓувреме, големите компании започнаа со масовно тестирање на своите вработени, а во наредните две недели, по наредба на владата, над два милиони работници и вработени ќе бидат тестирани барем по еднаш за коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа