Утрински Весник
Спорт

Боливискиот физиотерапевт имал закани по животот по конфликтот со Меси

Боливискиот физиотерапевт имал закани по животот по конфликтот со Меси

Боливискиот физиотерапевт Лукас Нава, кој беше во центарот на бурната расправија со Лионел Меси при 2:1 победата на Аргентина над Боливија во Ла Паз во квалификациите за СП 2022, открива дека добивал закани по животот по оваа случка.

Аргентинскиот капитен Меси и боливискиот капитен Марсело Морено добија жолт картон за расправијата по крајот на мечот, а главна мета на бесот на Меси беше токму физиотерапевтот Нава.

„Најверојатно се работи за недоразбирање и не се случи ништо посебно. Се работи за нормални навреди кои ги користат Аргентинците и мислам дека немаше лоша намера. Мечот беше завршен, видов дека може да има тепачка и затоа се вмешав. Кога си дел од еден тим, нормално е да се браниш, а ме болеше што мојот син го слушаше тоа на ТВ. Добив повици од насекаде, дури од Шпанија. Навреди и закани по животот“, вели Нава, кој исто така е Аргентинец.

Снимките покажуваат дека Меси го обвинува Нава за „врескање“ во текот на целиот меч и му се обраќа со зборовите: „Што е твојот проблем, ќелав!“, но и навреда кон мајката на Нава. Блискиот пријател на Меси, Серхио Агуеро на Инстаграм напиша дека Нава требал да добие „шлаканица по ќелавицата“, но Нава вели дека не се лути.

„Хуморот е дел од фудбалот. Јас како Аргентинец не можам да бидам против Меси, бидејќи тој е најголемиот. Средното име на мојот син е Лионел поради него“, вели Нава.

Спречена тепачка помеѓу Меси и Лукас Нава

> Боливискиот физиотерапевт имал закани по животот по конфликтот со Меси <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига