Утрински Весник
Економија

„Боинг“ ќе плати отштета од 2,5 милијарди долари

„Боинг“ ќе плати отштета од 2,5 милијарди долари

Американската компанија „Боинг“ ќе плати отштета од 2,5 милијарди долари за обвинението за измама на регулаторната агенција во врска со развојот на моделот на авионот „737 Макс“.

Министерството за правда на САД синоќа објави дека „Боинг“ се согласил на спогодба според која мора да плати отштета на членови на семејствата на жртвите на двете несреќи кои се случија со моделот „737 макс“, на самите авиокомпании, како и да плати парична казна.

Авиокомпаниите започнаа да го користат „737 макс“ во 2017 година.

Првата несреќа се случи на 29 октомври 2018 година, кога авионот на индонезиската компанија „Лајон Ер“ се урна во море. Вториот авион „737 Макс“, на „Етиопија ерлајнс“, се урна на 10 март 2019 година.

Во двете несреќи загинаа 346 патници и членови на екипажот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“