Утрински Весник
Свет

Божик во Витлеем без аџии и туристи

Божик во Витлеем без аџии и туристи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Божикните празнувања требаше да започнат денес во Витлеем, библиското родно место на Исус, но покрај празните гостилници, празен е и плоштадот бидејќи забраната за патување за странци поради пандемијата на коронавирус го спречи пристигнувањето на аџии и туристи.

Од одлуката за затворање на воздушниот простор за странски државјани, од март нема пристигнување туристи во Израел, изјави портпаролката на Министерството за туризам, Лидија Вајцман.

Десетици илјади туристи и аџии доаѓаат во Израел секоја година за време на Божик.

Традиционалната поворка од Ерусалим до Витлеем, на Западниот брег, јужно од Ерусалим, ја предводи латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала. Поворката се движи од христијанскиот кварт на стариот град во Ерусалим кон манастирот на патот кон Витлеем во 11:30 часот по локално време, по што мора да помине низ бетонскиот сигурносен ѕид за безбедност и да влезе во библискиот град.

Поворката се очекува да пристигне на плоштадот во 14 часот по локално време, каде што Пицабала, поглавар на Римокатоличката црква во Светата земја, треба да ја предводи полноќната миса во Црквата на Христовото раѓање, но само во присуство на свештенството.

Во последните недели на Западниот Брег важеше полициски час, кој трае од 19 до 6 часот наутро. Мерката е донесена за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија