Утрински Весник
Македонија

Богојески од Стара скопска чаршија: Старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата кое треба да се зачува

Богојески од Стара скопска чаршија: Старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата кое треба да се зачува

Чаршијата е единственото автентично нешто што остана од Скопје и старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата, вели Петар Богојески, носител на листа во ИЕ1 за Македонски концепт.

За жал, како што истакна Богојески, се помалку луѓето го ценат занаетот, а одржувањето на вековните занаети на златари, чевлари, ткајачи, кожари, плетачи се на работ на изумирање. Денес вредните занаетчии можеме да ги изброиме на прсти.

„Старата чаршија е најчестата дестинација за странските туристи кои го посетуваат Скопје, како и за локалното население. Потребна е вистинска помош од државата преку субвенционирање на занаетчиството и занаетчиите, како и програми за поттик и поддршка на младите со што ќе се насочат кон изучување и продолжување на традицијата на овие прекрасни занаети. Занаетчиството е потреба на граѓаните, но и придобивка за македонското стопанство”, вели Богојески.

„Старите мајстори од чаршијата со кои разговаравме денеска посочија дека не им е доволна поддршката што ја добиваа досега како и потребата од квалификуван кадар кој може да ги наследи. Ние од Македонски концепт се бориме да ги насочиме младите кон вистинските вредности на оваа држава, зачувување на чаршијата и нејзините вековни традиции, задржување на младите кадри овде во Македонија, насочување на нивните таленти и нивно дообразување. Занаетчиството е една од тие области на кои ќе посветиме особено внимание. Гласот за број 10 е глас за зачувување на историјата на секој агол од чаршијата и развој на занаетчиската дејност”, додава Богојески.

Текстот Богојески од Стара скопска чаршија: Старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата кое треба да се зачува е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње