Утрински Весник
Македонија

Богојески: Нема разлика меѓу Заев и Мицкоски, такви политичари треба да заминат во историјата

Богојески: Нема разлика меѓу Заев и Мицкоски, такви политичари треба да заминат во историјата
Dik 300x250 mk

Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите, а ветувањата се потполно исти, рече на денешната прес-конференција Петар Богојески од Македонски концепт, носител на листа во првата изборна единица.

„Можам само да констатирам дека нема разлика помеѓу господин Заев и господин Мицкоски, со една забелешка дека Мицкоски е најдобриот лидер на опозиција, но само за Заев, а не и за Македонија. Сите ние сакаме промена на власта во Македонија, но тоа нема да се случи ако гласате за Мицкоски и нема да биде симната елитата која 30 години го прави истото со нашата држава“, посочи претставникот на Македонски концепт.

Како што кажа Богојески, тоа што криминалците политичари не одговараат пред законот најмногу им одговара на овие двајца лидери, а со тоа само се продолжува злоупотребата на јавните политички функции за семејно богатење.

„Наместо лаги и лични интереси, сите ние од Македонски концепт се залагаме за казнивост на политичарите, политичка одговорност, кривично дело – лажно политичко ветување и финансиска лустрација на политичарите, функционерите и сите што се на јавни функции почнувајќи од мене. Со вакви закони ќе дојдеме до вистински граѓански парламент кој што ќе работи во функција на граѓаните и само за интересите на граѓаните. Само гласот за број 10 е глас за победа на граѓаните врз политичарите”, заклучи Богојески.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина