Утрински Весник
Македонија

Богојески: ЕУ да донесе решение надвор од барањата на Бугарија

Богојески: ЕУ да донесе решение надвор од барањата на Бугарија

ЕУ да донесе решение надвор од барањата на Бугарија, со што европските интереси ќе се стават пред интересите на една држава, порача претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, повикувајќи ги Европската унија и САД да донесат итно решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија наметнат од бугарската страна со кој ги блокираат евроинтеграциските процеси на нашата држава.

„Се додека Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи од една страна, ја застапуваат југословенската доктрина за Македонија, а Красимир Каракачанов заедно со Ангел Џамбазки и Христијан Мицкоски од друга страна, ја застапуваат болшевичката доктрина за Македонија, решение на овој наметнат од трета страна спор, нема да има”, додава Богојески.

Вели дека Македонија нема време за чекање за некое ново време кога и двете страни би ги тргнале своите лични интереси, пред интересите на државата и ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии

Концерт по повод денот на жената ќе се одржи во филхармонија