Утрински Весник
Македонија

Богојески: Гласот за 10ка е глас за победа на граѓаните врз политичарите

Богојески: Гласот за 10ка е глас за победа на граѓаните врз политичарите

Носителот на листа за пратеници од Македонски концепт за ИЕ1 заедно со кандидатите за пратеници за ИЕ2, како дел од теренските активности – средби со граѓани денеска ги посетија пазарот во Бутел, Бит Пазар и Стара скопска чаршија.

„Не е проблемот само во Владата, туку во целиот политички систем кој си игра со животот на граѓаните 30 години наназад. Луѓето веруваа дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, СДСМ ќе донесе промени. Напротив, ништо не се промени. Но овој пат Македонски концепт нуди избор. Јас сум уверен дека на 15 јули граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и наместо да останат дома или да поништуваат гласачки ливчиња, одлучно ќе заокружат 10ка. Затоа што глас за 10ка значи глас за промена, глас за гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме ниту обнова на бандитизмот од минатото”, изјави Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1.

Граѓаните на Македонија, додаде тој, заслужуваат држава во која може да живеат достоинствено.

„Ова е последна шанса да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10ка за победа на граѓаните врз политичарите“, рече Богојески.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани