Утрински Весник
Македонија

Богоев потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде на чело на Царина

Богоев потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде на чело на Царина

Актуелниот градоначалник на општина Каропш, Стефан Богоев потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде новиот директор на Царинската управа, но назначувањето е во надлежност на Владата.

„Сме разговарале во партијата за таа можност. Сепак, директор на Царина назначува Владата. Тоа е во ингеренција на централната власт, а јас како дел од локалната не можам да прејдицирам одлуки на Влада“, рече Богоев, одговарајќи на новинарски прашања.

Претходно, СДСМ за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски кој е актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје.

Можете да прочитате

Водици 2026 ни носи ладно и суво време со температури до -10 степени

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства