Утрински Весник
Свет

Богатите земји ги разграбаа вакцините против коронавирус

Богатите земји ги разграбаа вакцините против коронавирус

До крајот на годината, стотици милиони дози одобрени вакцини може да се најдат на пазарот. Но, според студијата на американскиот универзитет Дјук, половина од производството е веќе обезбедено од најбогатите земји, чие население сочинува само мал дел од светската популација.

Фактите зборуваат против убавите зборови што се слушнаа за лансирање на глобалната платформа „Ковакс“, каде што под водство на Светската здравствена организација (СЗО) беа собрани 186 земји кои треба да учествуваат во фер дистрибуција на вакцините, пренесува ДВ.

„Заедно обезбедуваме милиони дози за сиромашните земји“, рече шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лаен. Европската Унија донираше 800 милиони евра за системот „Ковакс“. Сепак, до крајот на годината, овој систем ќе обезбеди доволно дози на вакцини за да имунизираат само 200 милиони луѓе во светот.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ го критикуваше „Ковакс“ дека нема доволно средства и зависи од донации. Покрај тоа, велат од оваа организација, богатите земји ги разграбале сите вакцини до кои можеле да дојдат.

На пример, Европската Унија веќе обезбедила две милијарди дози до крајот на следната година, што е доволно за имунизација на милијарда луѓе – а ЕУ, без Велика Британија, ќе има околу 450 милиони жители.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема