Утрински Весник
Магазин

Боб Дилан негира сексуалeн напад врз малолетничка во 1965 година

Боб Дилан негира сексуалeн напад врз малолетничка во 1965 година

Американскиот пејач-текстописец Боб Дилан е тужен од жена која вели дека сексуално ја злоставувал во 1965 година кога имала 12 години.

Во тужбата се наведува дека Дилан „го искористил својот статус на музичар за да ѝ дава алкохол и дрога и сексуално да ја злоупотребува повеќе пати“.

Се наведува дека злоупотребата се случила во станот на Дилан во хотелот Челзи во Њујорк.

Портпаролот на Дилан за „Би-би-си“ изјави дека тврдењето на 56-годишната е невистинито и дека енергично ќе се брани.

Тужбата беше поднесена минатиот петок до Врховниот суд во Њујорк. Тужителката, која моментално живее во државата Конектикат, е идентификувана само по нејзините иницијали ( Ј.С.) Таа тврди дека пејачот (80) ѝ нанел „тешка психолошка траума“ и бара неодредена оштета.

Боб Дилан, роден како Роберт Ален Цимерман, продаде повеќе од 125 милиони албуми низ целиот свет во текот на кариерата која траеше шест децении.

Дилан, кој е нарекуван и „Пикасо на музиката“, е првиот музичар во историјата кој ја доби Нобеловата награда за литература (2016) за своите поетски иновации во пишувањето текстови за песни.

Можете да прочитате

Шест земји се повлекуваат од Евровизија откако на Израел му беше дозволено да учествува следната година

Вечерва е полна месечина- направете го ова и ќе се збогатите

Лажни страници за возрасни шират малвер кој краде сè