Утрински Весник
Спорт

Боатенг: Можам да кажам дека ќе останам во Баерн, тренерот Флик ми верува

Боатенг: Можам да кажам дека ќе останам во Баерн, тренерот Флик ми верува

Минхен, 25 мај 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Баерн, Џером Боатенг соопшти дека и во иднина се гледа како дел од баварскиот клуб.

– Размислував за мојата иднина уште пред назначувањето на тренерот Флик. Сега се чувствувам добро и можам да замислам дека ќе останам. Јас сум целосно фокусиран на Баерн и оваа сезона. Ми требаше доверба од тренерот и персоналот. Сега тоа го имам. Дури и пред назначувањето на Флик, тренирав добро и напорно, но не ми беше дозволено да играм, поради што не можев да влезам во ритам. Флик уште од самиот почеток ми рече дека јас сум дел од неговите планови. Сега повторно уживам во фудбалот, изјави Боатенг во интервјуто за „Велт ам Сонтаг“.

Триесет и едногодишниот Боатенг од 2011 година е во Баерн. Претходно има настапувано за Манчестер сити, Хамбургер и Херта. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига