Утрински Весник
Македонија

Блок: Холандија го поддржува отпочнувањето на преговорите откако ќе биде усвоена преговарачката рамка

Блок: Холандија го поддржува отпочнувањето на преговорите откако ќе биде усвоена преговарачката рамка

Холандија го поддржува отпочнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија со Европската унија, откако ќе биде усвоена преговарачката рамка, рекол холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, во телефонски разговор со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Министерот Блок ги поздрави постигнатите резултати на Северна Македонија во насока на реализација на европските интеграции, особено во контекст на носењето храбри одлуки за унапредување на добрососедските односи. Истакна дека Холандија го поддржува отпочнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија со Европската унија, откако ќе биде усвоена преговарачката рамка. Холандија продолжува и во иднина да биде партнер на Северна Македонија во спроведување и продлабочување на ЕУ реформскиот процес“, соопшти МНР.

Османи рекол дека Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава.

Османи изразил благодарност за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја, посебно преку поддршка на судството, реформата на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.

„Високо го цениме холандскиот ‘строг и фер’ принцип, што значително ни помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди“, посочил Османи.

Двајцата министри размениле мислења и за искористување на потенцијалите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и за надминување на предизвиците предизвикани од пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Сите исполнуваат услови“: Премиерот уверуваше во безбедноста, три дена подоцна локал во Кавадарци со двојно повеќе гости од дозволеното

Водостоите на реките значително над ноемврискиот просек – рекордни зголемувања кај Треска и Сатеска

И се заканувал, ја тепал, па ја силувал поранешна партнерка, притвор за осомничениот