Утрински Весник
Македонија

Блокирано проширувањето на ЕУ поради немање договор за Северна Македонија и Албанија

Блокирано проширувањето на ЕУ поради немање договор за Северна Македонија и Албанија

Министерските заклучоци за проширувањето во моментов се блокирани во Советот на ЕУ поради неможноста да се постигне договор за Северна Македонија и Албанија.

Советот на ЕУ вели дека остануваат неколку часа за можен договор, а министрите за општи работи на ЕУ го ставија прашањето за проширување под точката „сите други работи“ на дневниот ред на утрешниот состанок.

Во исто време беше објавено дека прашањето за проширување нема да биде на дневен ред на состанокот на лидерите на ЕУ 27, кои доаѓаат на самитот во Брисел на 10 и 11 декември.

„Не е невозможно прашањето за проширување да не биде поставено, но агендата е веќе преполна“, оценуваат во Брисел.

Германското претседателство со Советот на ЕУ вели дека се фрустрирани од неможноста за напредок по прашањето на рамката за преговори за Северна Македонија, што, барем засега, го блокираше процесот на донесување заклучоци за сите земји од процесот на проширување.

„Направивме сè што е можно за да постигнеме компромис, но досега тоа е невозможно. Незадоволни сме од фактот дека Бугарија ги блокира разговорите за пристап поради билатерални историски прашања кои не припаѓаат на контекстот за проширување“, рече висок дипломат на ЕУ.

Тој наведува дека поради блокадата на преговарачката рамка за Северна Македонија, блокирана е и Албанија.

„Целата работа е блокирана и тоа е навистина неповолно“, заклучуваат тие во Брисел.

Во Брисел забележуваат дека преговорите продолжуваат, но дека нема многу оптимизам за позитивен исход до крајот на годината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!