Утрински Весник
Свет

Блинкен: Ќе користиме нуклеарно оружје само во исклучителни околности

САД би ја разгледале можноста да го користат својот нуклеарен арсенал само во исклучителни околности, изјави денеска американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

dobivaj vesti na viber

Сè додека постои нуклеарно оружје, основната улога на американското нуклеарно оружје ќе биде одвраќање нуклеарни напади врз САД или нивните сојузници и партнери, рече Блинкен во седиштето на ОН во Њујорк на конференцијата за преглед на потписниците на договорот за неширење нуклеарно оружје, јави ТАСС.

„САД би ја разгледале употребата на нуклеарно оружје само во исклучителни околности за да ги заштитат виталните интереси на САД и нивните сојузници и партнери“, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Можете да прочитате

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов

Нова железничка несреќа во Шпанија

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг