Утрински Весник
Свет

Блинкен: Северна Кореја промовира нестабилност

Блинкен: Северна Кореја промовира нестабилност

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Северна Кореја промовира нестабилност, откако Пјонгјанг објави дека успешно тестирала хиперсонична ракета.

„Загрижени сме поради овие повеќекратни прекршувања на резолуциите на Советот за безбедност на ОН кои промовираат нестабилност и несигурност“, рече Блинкен.

Блинкен изјави дека САД засега не можат да потврдат дали ракетата што ја тестираше Северна Кореја е навистина хиперсонична, што би претставувало голем технолошки напредок на Пјонгјанг.

Хиперсоничните ракети можат да достигнат брзина пет пати поголема од брзината на звукот.

Претходно севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја отфрли американската понуда за дијалог, обвинувајќи го претседателот Џозеф Бајден дека продолжува со непријателските дејствија“на неговите претходници, што Вашингтон веднаш го негираше.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија