Утрински Весник
Свет

Блинкен: САД продолжуваат со дипломатските напори за решавање на ситуацијата околу Украина

Блинкен: САД продолжуваат со дипломатските напори за решавање на ситуацијата околу Украина
Dik 300x250 mk

Американскиот државен секретар изрази надеж дека САД нема да мора да воведат санкции кон Русија, но повтори дека Вашингтон е „подготвен за решителна акција во случај на руска инвазија на Украина“.

Блинкен во Киев изјави дека САД ќе продолжат да вложуваат дипломатски напори за решавање на тензичната ситуација околу Украина и најави продолжување на зајакнунвањето на воената помош за таа земја.

„Нема да ги запреме нашите силни дипломатски напори да спречиме нова агресија и да промовираме дијалог и мировни напори. Истовремено, ќе продолжиме да ги зајакнуваме одбранбените капацитети на Украина и недвосмислено ќе ја повториме цената што САД ќе и ја наметнат на Русија доколку таа не го прифати дипломатскиот пат, односно да изврши неразумна инвазија и да ја дестабилизира Украина без предупредување“, рече Блинкен на прес-конференција во Киев, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Регистрирано зголемување на манипулативните кампањи за дисквалификација на ЕУ

Дваесет и три жртви во пожар во северозападно Мексико