Утрински Весник
Свет

Блинкен: Русија незаконски депортира граѓани на Украина

Соединетите Американски Држави ја повикаа Русија веднаш да ги ослободи Украинците што незаконски ги депортирала и да дозволи пристап до меѓународните набљудувачи, повикувајќи се на извештаи дека Москва ги дава украинските деца на посвојување, а илјадници други се водат како исчезнати, пренесуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

„Незаконското пренесување и депортирање на заштитени лица е сериозно кршење на Четвртата Женевска конвенција за заштита на цивили и претставува воено злосторство. Проценките од различни извори, вклучително и руската влада, покажуваат дека меѓу 900.000 и 1,6 милиони украински државјани се испрашувани, приведени и насилно депортирани од руските власти, вклучително и 260.000 деца, од нивните домови во Русија, често во изолираните региони на Далечниот Исток“, кажал американскиот државен секретар Ентони Блинкен, според Ројтерс.

Блинкен во изјавата рекол дека извештаите покажуваат дека Москва „намерно ги одвоила украинските деца од нивните родители или ги киднапирала од сиропиталишта пред да ги даде на посвојување на своја територија“.

Украинските власти побараа поддршка од Црвениот крст и ја обвинија Русија дека депортирала стотици илјади луѓе од областите на Украина под руска контрола и ги испратила во таканаречените „филтрациони логори“, каде што им биле одземени личните документи, наведува Ројтерс.

Руската амбасада во САД објави дека коментарите на Вашингтон се „обид да се разгори русофобија“, пишуваат агенциите.

„Обидот на Вашингтон да ги оцрни вооружените сили на Руската Федерација е јасно поврзан со незадоволството од успехот на специјалната воена операција“, се вели во објавата на Фејсбук од руската амбасада, пренесува Ројтерс.

Амбасадата објавила дека хуманитарните коридори во Украина функционираат, а „изјавите за насилно одземање на украинските пасоши се неквалитетна западна дезинформација“.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени