Утрински Весник
Свет

Блинкен е убеден дека Путин ќе се обиде да ја собори владата во Украина

Блинкен е убеден дека Путин ќе се обиде да ја собори владата во Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е сигурен оти рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да ја собори актуелната власт во Украина.

Во интервју за ABC, Блинкен рече дека тоа е дел од планот на Русија да го нападне Киев и другите поголеми градови во Украина, заедно со нападите врз земјата од северната, источната и јужната граница.

Блинкен повтори дека САД се посветени на одбрана на сојузниците на НАТО, предупредувајќи дека нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите членки на Алијансата.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија