Утрински Весник
Свет

Блиндиран Велигден во Италија: нема излети и семејни ручеци, ангажирани 70.000 полицајци

Блиндиран Велигден во Италија: нема излети и семејни ручеци, ангажирани 70.000 полицајци

Италијанците претстојните велигденски празници ќе ги поминат во блиндирана атмосфера, пишуваат медиумите.

Министерството за внатрешни работи даде инструкции, а 70.000 полицајци ќе надгледуваат дали се почитуваат строгите мерки против коронавирусот.

Контролите се веќе засилени и оние кои ќе се најдат на улица без валидна причина плаќаат казна од 400 евра, пренесува агенцијата „Анса“.

За време на празниците дозволена е посета на едно семејство, но за разлика од годините пред пандемијата, нема излети во природа или големи семејни ручеци во ресторани.

Министерот за здравство Роберто Сперанца, во интервју за „Кориере дела сера“, не даде точен датум кога строгите мерки на ограничување поради пандемијата на Ковида-19 ќе бидат олеснети или целосно укинати, но тој рече дека повеќето Италијанци ќе бидат вакцинирани од крајот на летото.

Во четвртокот беше поставен рекорд на бројот на вакцинирани лица за еден ден, кога вкупно 280.000 лица примија инјекција, но најголемиот проблем сепак останува недостатокот на вакцини.

Во регионите Венето и Лацио веќе закажаните вакцинации се одложени затоа што има недостиг на лекот.

Граѓаните протестираат затоа што поединци успеваат да се вакцинираат преку ред.

На добро познатиот новинар Андре Сканци, кој е чест гостин во телевизиските емисии и кој јавно се пофали дека го сторил тоа, му е забранета соработката на телевизиите РАИ и Ла 7.

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд