Утрински Весник
Спорт

Блесок на новата ѕвезда на Наполи, Кварацхелија!

Наполи стигна до убедлива 4:0 победа над новиот прволигаш Монца во второто коло во режија на новата ѕвезда на „наполитанците“, фантастичниот грузиски репрезентативец, Хвича Кварацхелија.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот фудбалер на Рубин Казан во својот втор официјален меч за Наполи постигна два гола, од кои првиот со совршен волеј, за да покаже дека е едно од најдобрите засилувања во летниот преоден рок во Италија. Популарниот Квара, прво го отвори резултатот во 35. минута, со фантастичен удар од далечина, за Виктор Осимен во финишот на првото полувреме да зголеми на 2:0. Кварацхелија го комплетираше одличниот меч со втор гол во 62. минута од мечот. 21-годишниот Кварацхелија беше стрелец и во првото коло за Наполи при импресивната 5:2 победа против Верона.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да влезе во игра во 70. минута, токму на местото на Кварацхелија, а Наполи стигна до уште еден гол во 94. минута преку Кореецот Ким Мин-Џае.

Во вториот попладневен меч во Серија А, Емполи и покрај тоа половина час имаше играч помалку, одигра 0:0 реми со Фиорентина.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина