Утрински Весник
Спорт

Би-би-си се извини поради потресните сцени од борбата за живот на Ериксен

Би-би-си се извини поради потресните сцени од борбата за живот на Ериксен
Dik 300x250 mk

Британскиот сервис Би-Би-Си им се извини на гледачите што ја гледале потресната сцена од борбата за животот на Кристијан Ериксен за време на преносот на натпреварот Данска – Финска, што го емитуваше оваа телевизија.

Многу обожаватели и гледачи ширум Европа ги осудија организаторите на преносот кои скоро цело време го снимаа онесвестениот Ериксен и неговата борба за живот.

Британската Би-Би-Си беше една од телевизиите што имаше директен пренос од „Паркен“, а го следеа милиони луѓе ширум светот.

Гледачите можеа да ги видат расплаканите играчи на Данска кои стоеа над нивниот пријател и соиграч, неподвижното тело на Ериксен во еден момент, како и лекарите кои со голем напор се бореа за неговиот живот. Дури и сите во еден момент мислеа дека нема спас за фудбалерот.

Вознемирувачки сцени го обиколија светот со молскавична брзина, а Би-Би-Си е една од првите ТВ-станици што испрати извинување, пренесуваат данските медиуми.

> Би-би-си се извини поради потресните сцени од борбата за живот на Ериксен <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс