Популарната аренби пејачка Бијонсе Ноулс во неделата сподели повеќе троубек-фотографии, сеќавања од изминатата година.
На една од нив, 39-годишната суперѕвезда е закопана во песок до нејзиниот врат со која се навраќа во некои светли моменти од изминатата година.
Покрај ретките фотографии, спомен на некои светли моменти од 2020 година, на кои се гледаат нејзините тригодишни близнаци Сер и Руми, таа исто така сподели троубек со нејзината осумгодишна ќерка Блу Ајви.
Недостасува нејзиниот сопруг Џеј Зи со кого е во брак 12 години, иако тој веројатно ја закопал во песокот бидејќи отпечатоците од рацете се преголеми за да бидат од близнаците.