Утрински Весник
Магазин

Бијонсе прва со девет номинации за „Греми“

Бијонсе прва со девет номинации за „Греми“

Кралицата на попот Бијонсе води со девет номинации за овогодинешните Греми-награди, вклучувајќи и за песна на годината, по неа се Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич, секој по шест.

Добитниците ќе бидат прогласени на 31 јануари следната година.

Тејлор Свифт и Дуа Липа ќе се натпреваруваат за главната награда – албум на годината – заедно со аренби пејачот Пост Мелоун, британскиот бенд „Колдплеј“, женскиот бенд Хаим, авангардниот британски уметник Џејкоб Колиер, американската соул бенд „Блек Пумас“ и американската алтернатива аренби пејачка Џен Аико.

Најголемото изоставување е канадскиот пејач Д Викенд, за кого се очекуваше да собере неколку номинации за неговиот многу фален и комерцијално успешен албум After Hours.

Го нема и Боб Дилан и покрај добрите оценки за неговиот прв албум со нова музика во последните осум години, Rough and Rowdy Ways.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста