Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Бијонсе и Џеј Зи позираат пред досега невидена слика на Баскија за кампањата на „Тифани“

Бијонсе и Џеј Зи позираат пред досега невидена слика на Баскија за кампањата на „Тифани“
300x250 opst2

По Роуз од К-поп бендот „Блекпинк“ и Ања Тејлор-џој од Нетфликсовиот хит „Дамски гамбит“, хип-хоп могулот Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, се најновите амбасадори на „Тифани и Ко“ (Tiffany & Co), а во понеделникот, компанијата за луксузен накит објави фотографии од новата кампања на брендот.

Двајцата музичари се појавуваат во претстојната кампања на култната златарница која стартува во октомври 2021 година.

На две фотографии кои Tiffany & Co ги објави во понеделникот, дуото позира пред досега невидена слика на починатиот уметник од Њујорк, Жан Мишел Баскија.

„Тифани“ сега е во сопственост на францускиот конгломерат LVMH, најголемиот светски производител на луксузни производи. Аквизицијата се финализира по цена од неверојатни 15,8 милијарди долари. Францускиот магнат Бернард Арно е претседател и извршен директор на LVMH.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 септември 2025 година

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените