Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Бијонсе и Џеј Зи најверојатно ќе бидат првата двојка што ќе се натпреварува еден против друг за „Оскар“

Бијонсе и Џеј Зи најверојатно ќе бидат првата двојка што ќе се натпреварува еден против друг за „Оскар“
Img 7972

Бијонсе и Џеј Зи се еден чекор поблиску до испишување историја на доделувањето „Оскари“ следната година, откако моќната музичка двојка се најде на скратената листа кандидати во пресрет на 94. издание на престижните награди.

Како што пренесува „Вараети“, Бијонсе (40) и Џеј Зи (52) во вторникот биле ставени на потесната листа за „Оскар“ во која има 15 потенцијални кандидати за Најдобра оригинална песна.

Ако и двајцата го добијат конечното зелено светло, тие ќе станат првите сопружници во историјата на „Оскарите“ кои ќе се натпреваруваат еден против друг во иста категорија.

Бијонсе е номинирана, односно е на листата на потенцијални кандидати за номинација, за нејзината песна Be Alive од филмот „Кралот Ричард“ со Вил Смит во главната улога, а која ја напиша заедно со текстописецот Диксон.

А нејзиниот сопруг Џеј Зи за саундтракот Guns Go Bang од фимот The Harder They Fall.

Има уште 13 песни кои се најдоа на кратката листа за Најдобра оригинална песна, со прилично силна конкуренција од музички ѕвезди како Били Ајлиш, Боно, Џенифер Хадсон, Аријана Гранде и други.

Можете да прочитате

Нов трошок за граѓаните: Цигарите поскапеа 10 денари

Овие хороскопски знаци остануваат смирени и во најтешки ситуации

Џамбазов доби признание за животно дело на фестивалот во Крива Паланка