Утрински Весник
Свет

БиХ се усогласи со првиот пакет ЕУ-санкции за Русија

БиХ се усогласи со првиот пакет ЕУ-санкции за Русија

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, потврди дека и Босна и Херцеговина ја почитувала одлуката за воведување санкции против Русија, пренесе Радио Слободна Европа.

Декларацијата објавена од Борел потврдува дека, покрај БиХ, на одлуката ќе се приклучат и земјите кандидати како Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и земјите од ЕФТА, вклучувајќи ги Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, кои се членки на Европската економска зона.

Можете да прочитате

Макрон: Француската морнарница пресретнала танкер за нафта од Русија под сомнение дека пловел со лажно знаме

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Зеленски во Давос упати жестока критика за европските лидери