Утрински Весник
Спорт

БиХ нема да учествува на Евробаскет 2022 поради недостиг на финансии?

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина можеби нема да учествува на Европското првенство во кошарка поради недостиг на финансиски средства. Федерацијата излезе со соопштение во кое нагласува дека настапите на репрезентативните селекции на големите натпреварувања летово, и машки и женски, се под знак прашалник поради недостиг на финансии.

dobivaj vesti na viber

Машката репрезентација наголемо се подготвува за Евробаскет 2022, а учеството го потврди и Јусуф Нуркиќ.

Сениорската селекција на БиХ се наоѓа во групата Б од Евробаскет што ќе се игра во Келн и за противници треба да ги има Германија, Франција, Литванија, Словенија и Унгарија.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал