Утрински Весник
Македонија

Битолски „Транскоп“ почна да сообраќа на линија Битола-Скопје-Битола

Битолски „Транскоп“ почна да сообраќа на линија Битола-Скопје-Битола

Битола, 27 мај 2020 (МИА) – По неколку месечна пауза предизвикана од рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19, овластениот меѓуградски автобуски превозник „Транскоп“ АД Битола почна да сообраќа со една линија за Скопје, односно на релација Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.

Автобуската линија ќе се одржува секојдневно со поаѓање од Ресен во 05:30 часот, од Битола во 06:30 часот, од Прилеп во 07:30 часот и од Велес во 09:10 часот, додека обратната линија од Скопје за Битола е со поаѓање во 13:30 часот.

Од битолски „Транскоп“ информираат дека претходно набавените повратни билети патниците ќе може да ги искористат до 10 јуни и дека превозот на патници ќе се организира според препораките на Министерството за здравство. мт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дождовите го зголемија дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“

Продолжи судењето во Кривичен за случајот со прегазениот пешак на кејот на Вардар

(Фото) Необична пена во Вардар: Зелениково реагира веднаш, земени примероци за итни анализи!