Утрински Весник
Македонија

Битолскиот универзитет потпиша меморандум за соработка со Софискиот универзитет

Битолскиот универзитет потпиша меморандум за соработка со Софискиот универзитет

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Софискиот универзитет во Софија потпишаа меморандум за соработка со што го обновија договорот за билатерална соработка меѓу двете институции.

Меморандумот го потпишаа ректорите на двата универзитета Анастас Герџиков и Сашо Коруновски, а на церемонијата на потпишување присуствуваа и проректорите Марјан Ѓуровски и Николај Витанов.

Двете делегации разговараа за можностите за продлабочување на соработката и зајакнување на размената на наставници и студенти, за заедничка работа на научни проекти и публикации, како и за соработка во областа на науката, образованието и културата.

– Договорот за соработка помеѓу Универзитет „Св Климент Охридски“ – Битола и Софискиот универзитет „Св Климент Охридски“ ќе воспостави ефективни и бројни академски врски, културни односи и соработка. Двата универзитета ќе обезбедат взаемна поддршка за обука и напредок на академскиот кадар, размена на знаење и искуство и заедничка работа во различни научни и образовни полиња и области, велат од Унивезитетот во Битола.

Двете страни ќе разменат и академски кадар со цел да го споделат меѓусебното искуство и идеи, ќе го поддржат истражувачкиот персонал и размената на студенти од областа на заедничкиот интерес, како и размената на публикации и материјали за цели на едукација, обука и истражување.

– УКЛО и Софискиот Универзитет преку потпишаниот Меморандум ги охрабруваат своите професори и студенти од двата Универзитети да организираат заеднички научни средби и конференции со цел да се поддржат заеднички истражувачки проекти и заеднички публикации од научните области на двата Универзитета. Двете делегации на Универзитетите договорија размена на академскиот кадар, научници за истражување, студенти о стручниот административен персонал преку програмата Еразмус + како и на билатерална основа, се наведува во соопштението. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност