Утрински Весник
Македонија

Битолската НВО СФЕРА во интернационален проект за градење на мултикултурни компетенции

Битолската НВО СФЕРА во интернационален проект за градење на мултикултурни компетенции

Битола, 14 февруари 2020 (МИА)Битолската невладина организација СФЕРА ќе учествува во интернационален проект чија цел е градење на меѓукултурни компетенции, а со цел да се подигне свеста кај младите за важноста на меѓукултурната комуникација и меѓусебното разбирање.

Од НВО СФЕРА-Битола информираат дека станува збор за европски проект финансиран во рамките на програмата Еразмус +, и ќе се реализира во период од две години.

Партнерите во проектот се од цела Европа, имаат различно искуство и искуство за споделување и освен битолчани вклучени се и претставници од Универзитет за Менаџмент со Варна-Бугарија,  Меѓународна фондација Крос култура-Малта, Интер Алија-Грција, Демостене Центро Студи Пер Ла Промозионе Дело Свилуппо Умано-Италија и Асоцијација Чек ин од Португалија.  Секоја организација во рамките на конзорциумот ќе работи со млади луѓе со различно културно потекло, како и со други младински организации на меѓународно ниво.

Проектот ќе резултира со создавање на два интерактивни мрежни водичи, организирање на 6 локални дебати, 2 пилот сесии и една мобилност за млади, а првата пилотска сесија ќе се одржи на 3 април во Атина. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути