Утрински Весник
Спорт

Битка на три гиганти за потписот на Ван де Бик

Ван де Бек: Реал Мадрид одржува контакт со Ајакс
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амстердам, 29 април 2020 (МИА) – Битка меѓу трите најголеми тимови во Европа се формира за талент на Ајакс, Дони ван де Бик. Играчот од средниот ред имаше многу силен настап минатата сезона, кога гигантот од Холандија стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите. Многу негови соиграчи го напуштија Амстердам, но тој реши да остане уште една година.

Ван де Бик веројатно ќе го напушти Ајакс ова лето. Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус сакаат да го привлечат. Според шпанските медиуми, „белите“ имаат прелиминарен договор со 23-годишниот играч од средниот ред.

Сепак, неговото заминување во Мадрид не е загарантирано. Јунајтед се надева дека може да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот е еден од големите цели на Оле Гунар Солскјер за летото. Јувентус исто така има намера да се приклучи на битката.

Ван де Бик, кој има договор со Ајакс до 2022 година, одлично настапуваше оваа сезона, со 10 голови и 11 асистенции на 37 натпревари.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата