Утрински Весник
Економија

Битиќи: Северна Македонија е доверлив партнер на инвеститорите

Dik 300x250 mk

Заменик-претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска беше дел од тркалезна маса со поголем број  претставници од данските индустрии и директорот на „Дански индустрии“, Јенс Холст Нилсен.

Целта за организирањето на тркалезната маса е презентација на поволностите и бизнис-климата за инвестирање во Северна Македонија, зајакнување на бизнис-врските помеѓу двете земји, како и можностите за nearshoring за данските компании. Во фокус беа темите за енергетика и преработувачката индустрија.

Вицепремиерот Битиќи упати порака кон присутните дека Северна Македонија е доверлив партнер на инвеститорите и дека тие можат да сметаат на отворена врата и помош при нивните одлуки за инвестирање во нашата земја.

Во текот на денешниот ден, втор од бизнис-посетата на вицепремиерот Битиќи, се сретна и со Филипе Волот, директор на Данске банк, која е најголема банка во Данска која работи во нордиските земји, но и пошироко. Се разговараше за можностите за финансирање на инфраструктурни проекти, енергетика и образование, како и размена на искуства за онлајн банкарство.

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14