Утрински Весник
Економија

Битиќи: Ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение

Битиќи: Ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Денеска е многу полесно да зборуваме затоа што имаме показатели, имаме индикатори како се одвиваше состојбата од март па наваму и како се движи економијата и сега можеме да правиме проекции, кои повторно нема да бидат сто отсто точни затоа што не знаеме што не чека, но веројатно дека ќе погрешиме е многу помала, вели советникот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, за досега преземените и за идните мерки, нивната ефикасност и влијание врз економијата.

Битиќи во вечерашното гостување во Топ тема на ТВ „Телма“, кажа дека во март кога беа носени првите мерки и во почетокот на април, имаше непознаници, не се знаеше точно против што се бориме, колкав ќе биде ударот и затоа е проектирано онолку колку што вистински можеше за да не се загрози стабилноста на буџетот и на државата.

– Прв пат оваа држава се наоѓа во ситуација на вонредна состојба во која треба еден закон преточен од 150 страници да го пропишете на две страни… мислејќи дека е сосема доволно објаснет, начинот како е пропишано, сите ги толкувавме различно…и ние рековме добро ќе ги слушнеме што е тоа различно. Исходот од последните уредби е токму затоа што ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение што можевме да го добиеме. Еден од клучните проблеми е кога сакаме да се споредуваме со земјите, ние во суштина слушаме кои се мерките, но не знаеме како административно се спроведуваат, забораваме на законските решенија кои таму постојат, изјави Битиќи.фф/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk