Утрински Весник
Економија

Бислимоски ќе претседава со 45. Состанок на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

Бислимоски за МИА: Не очекувам било какви проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на КОВИД-19

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, кој лани во декември едногласно беше избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB), денеска онлајн ќе претседава со 45. Состанок на Одборот на регулатори.

Во фокусот на  состанокот, според најавата од РКЕ, ќе бидат отпорноста на енергетскиот пазар во време на пандемија, хармонизирањето на европската регулатива со законите од земјите членки на Енергетската заедница и интеграцијата на енергетските пазари на големо.

Состанокот требаше да се одржи во Атаина, но поради здравствената криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот КОВИД-19 беше одлучено по првпат средбата на Одборот на регулатори на ЕЗ да се одржи онлајн.

Како што истакна Бислимоски за МИА, доколку праксата со онлајн одржување на состонокот на Одборот на регулатори се покаже како успешна ќе може да се реализира и во наредните години по стивнувањето на пандемијата доколку има таква потреба. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната