Утрински Весник
Македонија

Биро за развој на образованието: Учениците ќе учат историја, но на начин прилагоден на нивната возраст

Една третина од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период

Нема да дозволиме нашите ученици да не се стекнат со знаења од историја, географија или содржини од друга научна дисциплина, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и начин кој го претставува светот, процесите и појавите во неговата поврзаност и единство. Ова е ставот на надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО), по најавите за новата концепција на основното образование, а посебно по најавите за спојување на неколку предмети во еден.

Оттаму информираат дека промените кои се планираат во однос на наставните предмети, ќе започнат од идната година и ќе се воведат во прво и во шесто одделение.

– Во работната група за концепцијата за основно образование учествуваат универзитетски професори, наставници, претставници од Бирото. За наставниот предмет Општествени науки, учествуваат и експерти/универзитетски професори по историја, антропологија, географија, како и наставници од меѓународни училишта кои го пренесуваат своето искуство во реализацијата на наставниот предмет Општествени науки во различни земји. Во овој момент, пред јавната расправа зборуваме и презентираме концепт, а не конкретни наставни програми во кои ќе бидат поставени очекуваните резултати од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование) – информираат во Бирото.

Оттаму потенцираат дека при изработката на наставните програми ќе бидат вклучени универзитетски професори и наставници од соодветните области.

– Во наставните планови на речиси сите земји во Европа, Америка, Австралија може да се види дека се изучува наставен предмет „social studies” или „humanities” во основното образование во кој се интегрираат различни дисциплини, во зависност од конкретниот образовен систем и целите што треба да се постигнат – додаваат во БРО.

Овие промени се прават, како што објаснуваат оттаму, заради фактот дека нашите ученици се ниско рангирани на меѓународни натпревари и студии.

– Согласно истражувањата кои ги правиме, како и потврдата што ја добиваме од меѓународните студии, постигањата, знаењата на нашите ученици се меѓу најниските на листата на учесници во тие студии, па токму затоа е особено важно да се промовира учењето преку истражување кое е можно единствено преку интеграција и интердисциплинарно изучување. Тоа е начинот да го подобриме образованието и негуваме креативни и иновативни ученици – децидни се во БРО.

Реформите ќе започнат следната година со учениците од прво и шесто одделение. Ќе бидат подготвени нови учебници, наставни материјали, прирачници за сите предвидени новини и дека ќе следи интензивна работа со наставниците кои ќе изведуваат настава.

– Во секое училиште имаме подготвени наставници по историја, географија, филозофија кои ќе можат да ја изведуваат наставата, заеднички да ги планираат активностите, а начинот на организација на наставата ќе биде допрецизиран со наставните програми – додаваат во Бирото.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!