Утрински Весник
Свет

„Бионтек“ подготвен да произведе 2,5 милијарди дози вакцина

„Бионтек“ подготвен да произведе 2,5 милијарди дози вакцина

Германската лабораторија „Бионтек“ објави дека има намера годинава да произведе 2,5 милијарди дози вакцина против коронавирусот, развиени заедно со американската компанија „Фајзер“, односно 25 проценти повеќе од првично најавените.

Производните капацитети ќе се зголемат поради оптимизација на производствениот процес и проширување на производствената мрежа, како и по одобрувањето да се извлечат шест дози од едно шише наместо претходните пет, се наведува во соопштението на компанијата.

До 23 март „Бионтек“ со својот партнер „Фајзер“ испорача повеќе од 200 милиони дози вакцина во светот.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон